05 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
На булевар „Борис Трајковски“ во Скопје синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа, во која 36-годишен скопјанец се здобил со сериозни повреди.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на 3 септември 2025 година, околу 20:45 часот, патничко возило марка „Ауди“ со скопски регистарски таблички удрило во Х.Ј. (36) од Скопје, кој излегувал од своето возило „Тојота“ откако го паркирал.
Возачот на „Ауди“-то по ударот не застанал, туку веднаш го напуштил местото на несреќата.
Повредениот маж бил префрлен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.
На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а во тек се мерки за пронаоѓање на возачот кој избегал.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

