21 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Станува сѐ поочигледно дека Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје не презема доволно активности за навремено собирање на комуналниот отпад. Во различни делови од градот, контејнерите се преполни, а тротоарите и тревниците во нивна близина се претворени во диви депонии. Граѓаните сведочат дека сметот не се собира со денови, што сериозно го попречува движењето и создава непријатна слика за главниот град.
Скопје никогаш не изгледало вака запоставено. Расфрлани кеси, отпад од домаќинства и непријатен мирис стануваат секојдневие за скопјани. Ваквата состојба не е само естетски проблем – таа веќе претставува потенцијална опасност за јавното здравје. Загадувањето, присуството на инсекти и глодари, како и ширењето на непријатна миризба, укажуваат на сериозен пропуст во управувањето со отпадот.
И покрај тоа што градската администрација е при крај со својот мандат, таа и понатаму има обврска да обезбеди основни услови за хигиена и чистота. Граѓаните очекуваат од надлежните институции итно да реагираат и да воспостават ред во собирањето и одлагањето на сметот.
Сѐ погласни се апелите до градските власти и до ЈП „Комунална хигиена“ да преземат конкретни мерки за расчистување на градот. Скопје заслужува да биде чист и уреден град, а не симбол на запоставеност и негрижа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден