29 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, изјави дека дебатата за минимална плата од 500 евра веќе е надмината и дека е неопходно да се отвори сериозна и аргументирана дискусија за износ од 600 до 700 евра.
Во гостување на ТВ 21, Трендафилов нагласи дека ССМ активно се залага за зголемување на минималната плата уште од почетокот на годината и дека постои одредена подготвеност за ваков чекор. Тој додаде дека синдикатите се подготвени и за протести и штрајкови доколку не дојде до конкретни резултати.
„Се бориме за повисока минимална плата и гледаме дека има одредено расположение за тоа. Во изминатиот период се обидовме да обезбедиме релевантни и аргументирани податоци, бидејќи бевме обвинувани“, изјави Трендафилов.
Тој истакна дека анализите со кои располага ССМ се во корист на работниците, но истовремено се и загрижувачки, бидејќи јасно ја покажуваат итната потреба од значително подобрување на приходите и животниот стандард на граѓаните.
Според Трендафилов, зголемувањето на минималната плата не е само социјално, туку и економско прашање, кое бара брза и одговорна реакција од сите засегнати страни.
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото со ликот на Свети Иван Рилски
Бујар Османи: Албанците се понижувани и заплашувани во државна институција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

