23 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Синоќа околу 21:40 часот во Битола се случила тешка семејна драма, кога 30-годишен маж од битолското село Лера нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна сопруга.
Според информациите од СВР Битола, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во градот физички го нападнал 25-годишниот И.Л., брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет.
По нападот, со употреба на сила тој ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и физички ја нападнал, предизвикувајќи и повреди.
Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода напаѓачот. За случајот е известено Јавното обвинителство, а од СВР Битола информираат дека по целосно документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

