03 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Тешка сообраќајна несреќа се случи на булеварот Партизанска, во близина на Соборниот храм, каде патничко возило од марката „Шкода“ излетало од коловозот и завршило во жардиниера покрај улицата.
Според првичните информации од местото на настанот, возачот изгубил контрола над автомобилот, по што директно удрил во бетонската жардиниера. Од силината на ударот, предниот дел од возилото е целосно вдлабнат и претрпел значителни оштетувања, што укажува на силен судир.
Во моментот нема официјални податоци за причините што довеле до несреќата. Исто така, засега не е позната состојбата на возачот, ниту дали во возилото имало други патници.
Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот, а се очекува во текот на денот институциите да излезат со повеќе информации во врска со околностите под кои се случила сообраќајката, како и за евентуалните последици од истата.
Сообраќајот во овој дел од градот се одвиваше отежнато додека траеше интервенцијата и расчистувањето на теренот.
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

