20 април 2025
• од Вардарски
Попладнево на железничкиот премин кај Зелениково се случи сообраќајна несреќа во која воз удри во патничко возило. Според информациите добиени од Итната медицинска помош – Скопје, во несреќата е повредено едно лице.
Како што за МИА изјави доктор Драган Панов, шеф на смена во Брза помош – Скопје, екипа веднаш била испратена на местото на настанот и интервенирала на лице место.
Во моментов не се познати повеќе детали за несреќата, ниту околностите под кои дошло до судирот меѓу возот и автомобилот. Очекувањата се дека надлежните служби ќе спроведат истрага за да утврдат како дошло до овој инцидент.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

