26 март 2025
• од Вардарски
Иако зградата на Општина Куманово е центар на локалната власт и местото каде се носат одлуки од клучно значење за граѓаните, таа очигледно не ги исполнува основните стандарди за противпожарна безбедност. Според објава на познатата Фејсбук страница „Кумановска Горила“, во просториите каде се одржуваат седниците на Советот на Општината нема инсталирани хидранти.
„Кумановските советници, не дај Боже, ќе изгорат живи бидејќи во зградата каде се одржува Советот на Општината има два нови ПП апарати, но нема хидранти,“ стои во објавата.
Иако нови противпожарни апарати се поставени, отсуството на хидрантски систем значително ја намалува можноста за ефикасна интервенција во случај на пожар. Ова прашање отвора сериозни дилеми за безбедноста на самите советници, како и на вработените и посетителите на општинската зграда.
Граѓаните очекуваат локалната власт не само да донесува одлуки, туку и да биде пример за почитување на безбедносните стандарди. Засега, од Општина Куманово нема официјален одговор во врска со објавата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

