TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Спротивно на законите: Судската власт и Обвинителството со намален буџет во 2024 година

30 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Судската власт и Јавното обвинителство во 2024 година не ги добиле законски предвидените средства за работа од Основниот буџет, а со ребалансот на буџетот тие средства биле дополнително намалени. Ова го утврдува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во најновиот извештај за Основниот буџет за 2024 година, објавен денеска.

Во извештајот со наслов „Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година“, ревизорите нотираат дека е прекршен член 4 од Законот за судскиот буџет. Имено, иако законот јасно пропишува дека при ребаланс на буџетот средствата за финансирање на судската власт не смеат да се намалуваат, со ребалансот за 2024 година одобрениот буџет за Судската власт е скратен за 42.639.000 денари.

ДЗР укажува дека уште со донесувањето на Основниот буџет за 2024 година не биле обезбедени средствата утврдени со Законот за судскиот буџет, Законот за јавното обвинителство и Законот за рамномерен регионален развој. Наместо корекција, со ребалансот ваквата состојба дополнително се влошила.

Во воведот на извештајот, државните ревизори предупредуваат дека разликите меѓу максимално утврдените расходи од Владата, побараните средства од буџетските корисници и одобрените средства со Буџетот укажуваат на сериозен ризик – донесениот буџет да не ги одразува реалните потреби на институциите за остварување на нивните цели.

Регионалниот развој далеку под законскиот минимум

Ревизијата утврдува и значајни отстапувања кај средствата за рамномерен регионален развој. Иако законот предвидува најмалку 1% од БДП да се издвојува за оваа намена, во 2024 година преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој биле одобрени само 0,08% од БДП, што е дури и помалку во однос на 2023 година.

Според податоците на Секторот за буџет и фондови, преку програми што ги реализираат повеќе институции, овие средства формално достигнуваат до 1% од БДП за 2023 година, но тие се значително пониски во споредба со претходниот период, кога биле реализирани 3,15% од БДП за 2022 година. Најголемо отстапување меѓу планираните и одобрените средства е утврдено кај Владата и Бирото за регионален развој.

Недостаток на отчетност и координација

Како и во претходните години, ДЗР повторно констатира дека Министерството за финансии не доставило извештај до Владата со образложение за причините поради кои буџетските барања на институциите не биле усогласени со одобрените средства. Ревизорите препорачуваат зајакнување на постапката за усогласување меѓу Министерството за финансии и буџетските корисници, со цел да се намали ризикот планираните средства да не ги одразуваат реалните потреби.

Поголемо задолжување, раст на долговите и притисок врз пензискиот фонд

Во извештајот се анализирани и приливите од задолжување во земјата и странство, кои во 2024 година учествувале со 33,5% во вкупните приходи на Основниот буџет – за 2,5 процентни поени повеќе од 2023 година. Домашното задолжување учествувало со 56% во вкупните приливи по овој основ, што е зголемување во однос на претходната година, додека задолжувањето во странство е намалено за 4%.

ДЗР утврдува дека и во 2024 година нема подобрување во финансиската состојба на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. За покривање на дефицитот, од Основниот буџет биле исплатени значителни средства, што претставува околу една четвртина од вкупните средства за исплата на пензии. Расходите за пензии во 2024 година се зголемиле за 16,27% во однос на 2023 година, како резултат на усогласувањето и линеарното зголемување на пензиите, но и поради порастот на бројот на нови пензионери.

Раст на државниот и јавниот долг

Според наодите на ревизијата, државниот долг на крајот на 2024 година изнесувал околу 8,3 милијарди евра, што е зголемување за повеќе од една милијарда евра во споредба со 2023 година. Неговото учество во БДП достигнало 53,8%. Јавниот долг, пак, изнесувал околу 8,5 милијарди евра или 62,4% од БДП, што исто така претставува значително зголемување во однос на претходната година.

Извештајот на ДЗР уште еднаш отвора сериозни прашања за законитоста, планирањето и одржливоста на буџетската политика, особено кога станува збор за финансирањето на клучните институции на правниот систем.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега