09 септември 2026
• од Темелко Тошев
Секоја година на 8 Септември, Македонија го одбележува својот најзначаен државен празник – Денот на независноста. Но, дали новите генерации навистина знаат што се случило на овој датум и зошто тој е врежан во нашата историја? Судејќи според одговорите на улиците – не баш.
Ако ги прашате младите што точно прославуваме на почетокот на септември, одговорите ќе ве изненадат, насмеат, но можеби и малку ќе ве загрижат. Во кратка улична анкета, сликата за тоа колку се познава сопствената историја е, благо кажано, комична.
На прашањето што е празникот 8 Септември, младите нудат широк спектар на одговори – од целосна збунетост до креативни измислици.
Еве дел од бисерите пред камерата:
Во морето од збунети погледи и брзање („Трябва бързо, не може“), сепак се најде и еден светол пример кој ја спаси честа на генерацијата и кратко одговори: „Ден на независноста на Македонија“.
Оваа кратка анкета, иако урнебесна, отвора едно важно прашање: колку образовниот систем, но и ние како општество, успеваме да им ги пренесеме основните информации на младите?
За потсетување (и за оние кои мислат дека славиме Ден на мајките), на 8 септември 1991 година, македонските граѓани на референдум масовно се изјаснија за суверена и самостојна држава. Со тоа се удрија темелите на денешна независна Македонија. Тоа е историски ден кога се слави државноста, а не само обичен неработен ден за спиење до пладне.
Младите денес живеат брзо, во дигитална ера каде што информациите скролаат за секунда, но познавањето на основните државни празници е прашање на општа култура. До следниот празник, можеби е време за мала обнова на градивото – чисто за да не се срамиме кога следниот пат ќе нè застане камера на улица.
Што мислите вие, чија е вината што младите не ги знаат основните државни празници?
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

