07 септември 2026
• од Гоце Кически
Пред да се изјасни за вина во судскиот предмет поврзан со „Државна лотарија“ во кој е опфатен и Артан Груби, обвинетиот Башким Авди побара обвинението да му биде прочитано на албански јазик, а претходно побара и преведувач.
Ова барање беше поднесено непосредно пред фазата во која обвинетите треба да се произнесат дали се чувствуваат виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар.
Неговиот адвокат, Алиспахиќ, пред судот појасни дека ова е лично право на обвинетиот кое е втемелено во законите. Според одбраната, целта е Авди целосно да разбере за што точно се товари пред да се произнесе во однос на кривичното дело.
Судот, сепак, реагираше на ваквото барање, прашувајќи зошто одбраната не побарала превод на обвинението во текот на изминатите две недели.
На ова, адвокатот Алиспахиќ одговори дека не знаел претходно оти неговиот клиент ќе сака да го слушне обвинението на албански јазик. Тој нагласи дека не станува збор за тенденциозно барање од страна на одбраната со цел одолговлекување, туку за реална потреба обвинетиот да ги разбере наводите на својот мајчин јазик, кој најдобро го познава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

