07 септември 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски преку својот Фејсбук профил упати силни критики кон дел од македонската јавност. Повод за неговата реакција се коментарите на социјалните мрежи по веста за смртта на Ратко Младиќ, кого Георгиевски отворено го нарекува „воен злосторник“.
Според неговата објава, овие реакции извадиле на површина две категории на граѓани во македонското општество:
1. Лажните македонски патриоти Георгиевски потсетува дека Македонија одбележува 35 години самостојност и поставува реторичко прашање – од кого државата се ослободила и спасила?
2. Македонските лажни Југословени Во вториот дел од својот статус, тој се осврнува на носталгичарите. Според него, ова е најсликовит пример како македонското „југословенство“ честопати се претвора исклучиво во „српство“.
Објавата на Георгиевски веќе собира стотици реакции и отвора дебата за тоа како македонското општество гледа на историските настани од регионот и на сопствената независност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

