05 септември 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската влада најави дека ќе ги продолжи напорите за решавање на случајот со 23-годишната Ива Михаилова од Кочани. Ова доаѓа откако бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, оствари средба со Христина Михаилова, мајката на младата девојка.
Според информациите објавени на бугарската медиумска Фејсбук страница „Целокупна България“ (Целокупна Бугарија), министерката Петрова ја уверувала мајката дека бугарската влада ќе вложи максимални напори за „праведно и брзо привршување на случајот“.
Како што пренесува бугарскиот портал, за време на разговорот, Петрова ја изразила институционалната позиција на бугарското Министерство за надворешни работи (МНР), но и личната сочувствителност за тешката здравствена состојба на девојката, која во текстот на медиумот е ословена како „23-годишна бугарка родум од Кочани“.
Спор за лекување во странство
Според пишувањата на „Целокупна България“, средбата се реализира во екот на спорот околу наводното одбивање на властите во Република Северна Македонија да ѝ дозволат на Михаилова да замине на лекување во странство.
„Случајот предизвика реакција од бугарските институции поради тврдењата дека неопходната медицинска помош не може да биде обезбедена на лице место“, се наведува во објавата на бугарскиот медиум.
Ветена дипломатска и правна поддршка
Министерката Петрова ја информирала мајката за досегашните дипломатски и правни чекори што ги презела Софија. Бугарската страна најавува дека ќе пружи поддршка за обезбедување на најдобрата можна правна заштита за Михаилова.
„Ве молам да ѝ пренесете на Ива дека не е сама и може да продолжи да смета на нашата поддршка во овој тежок момент за неа и за Вас“, изјавила Петрова пред мајката на младата жена, цитат кој медиумот го објави и како специјална графичка порака.
Од бугарското МНР, како што пренесува порталот, посочуваат дека Бугарија останува ангажирана за изнаоѓање на најбрзо можно решение. Сепак, тие признаваат дека во овој момент конечниот исход на случајот зависи исклучиво од одлуките на надлежните институции во Република Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

