05 септември 2026
• од Темелко Тошев
Бугарија, Романија и Грција заеднички ќе аплицираат за европско финансирање на заеднички инфраструктурни проекти преку Механизмот за поврзување на Европа (CEF) во секторот „Транспорт“.
Предложените проекти се лоцирани главно по централната и западната оска на европскиот транспортен коридор „Балтичко Море – Црно Море – Егејско Море“. Се очекува овие проекти да придонесат за побрзо и поефикасно движење на патниците и стоките, како и за зајакнување на отпорноста на транспортната инфраструктура и синџирите на снабдување. Значаен дел од инвестициите е поврзан и со развој на инфраструктура со двојна намена, вклучително и таква што поддржува воена мобилност.
Повикот за предлог-проекти преку овој Механизам е отворен до 6-ти октомври оваа година, и тоа во две главни насоки: Кохезионен пакет и пакет „Воена мобилност“.
Во рамките на Кохезиониот пакет, се планираат физибилити студии за железничката делница „Михајлово – Димитровград“ и за изградба на железничката линија „Љубимец – Свиленград – граница со Република Грција“.
Во пакетот „Воена мобилност“ се вклучени проширувањето на делот од крајот на автопатот „Струма“ до граничниот премин „Кулата“ (кон Грција), проучување и студија за автопатот „Велико Трново – Николаево – автопат Марица“, како и електрификација на делот „Дунав мост – собирна станица Русе“.
Оваа иницијатива произлегува од Меморандумот за засилена прекугранична соработка во рамките на Платформата за коридорот „Црно Море – Егејско Море“ и придружниот акциски план. Документите кои ја дефинираат рамката за координирано планирање, подготовка, финансирање и имплементација на приоритетните прекугранични проекти по европските транспортни коридори беа потпишани во Брисел на 3-ти декември минатата година.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

