04 септември 2026
• од Темелко Тошев
Земјите кои претендираат за членство во Европската Унија мора да ги спроведат неопходните реформи и во целост да ги исполнат претходно преземените обврски, порача Антонио Кошта за време на неговата посета на Софија. На заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Румен Радев, Кошта ја истакна важноста на проширувањето како клучен елемент за европската безбедност и стабилност.
„Безбедноста го опфаќа и проширувањето на ЕУ со Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан. Тоа е инвестиција што Европската Унија треба да ја направи“, истакна Кошта, пренесува БГНЕС.
Сепак, тој беше дециден дека процесот на пристапување кон Унијата нема да биде безусловен. Напредокот на секоја од земјите-кандидатки ќе се мери исклучиво преку степенот на реализација на реформските процеси и доследното почитување на преземените меѓународни и билатерални обврски.
Од своја страна, бугарскиот претседател Румен Радев изрази задоволство што Кошта е добро запознаен и високо ја оценува бугарската позиција во однос на политиката на проширување.
„Кошта многу добро знае дека Бугарија е силен двигател на интеграцијата на соседните земји. Проширувањето треба да се одвива строго врз основа на сопствените заслуги, а не поради некакви конкретни геополитички причини“, потенцираше Радев на прес-конференцијата.
Оваа средба во Софија уште еднаш потврдува дека процесот на проширување на ЕУ останува високо на агендата, но критериумите за влез и понатаму ќе бидат строго контролирани, со посебен фокус на заслугите и исполнувањето на зададените услови од страна на кандидатите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

