03 септември 2026
• од Темелко Тошев
Економскиот апсурд во Македонија достигнува ново ниво, каде што оние кои го создаваат бруто општествениот производ се ставени во подредена позиција во однос на државниот апарат. На ваквата нелогичност предупредува новинарот и аналитичар Љупчо Зиков, остро критикувајќи ги актуелните социо-економски состојби во земјата и неправедната распределба на финансиските средства.
Според Зиков, во државата останале да живеат удобно само две категории на граѓани, додека реалниот сектор кој ја носи економијата е маргинализиран.
„Значи, во Македонија останаа најсреќно да живеат пензионерите и вработените во јавната администрација“, посочува тој.
Зиков предупредува на континуираниот и загрижувачки тренд на полнење на институциите со партиски кадри. Тој нагласува дека бројот на административци постојано се зголемува бидејќи „партиските активисти директно влегуваат таму“.
Посебен фокус во неговата критика е ставен на нелогичниот сооднос на примањата помеѓу приватниот и државниот сектор, тренд кој зема замав изминативе години.
„За волја на вистината, во последната деценија и пол платите пораснаа драматично. Апсурдно е платите во администрацијата да се повисоки од платите во приватниот сектор, каде што реално се создава бруто општествениот производ“, дециден е Зиков.
Ваквиот став уште еднаш ја отвора клучната дебата во јавноста: до кога реалниот сектор ќе биде ставен во втор план на сметка на гломазната и партизирана државна администрација која се финансира токму од грбот на стопанството?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

