03 септември 2026
• од Темелко Тошев
Во основното училиште „Санде Штерјоски“ запишани се вкупно 78 ученици кои наставата ќе ја следат на албански јазик, но истите се систематизирани во само три паралелки.
Од друга страна, според објавените податоци, во истото училиште на македонски наставен јазик се запишани 38 ученици кои исто така се распределени во три паралелки. За наставата на турски јазик, пријавени се 17 ученици кои следат настава во една паралелка.
Статистиката за распределбата на учениците изгледа вака:
Ова во пракса значи дека во паралелките на албански јазик просечно ќе има по 26 ученици во една училница, додека во паралелките на македонски јазик тој број изнесува околу 13 ученици по клас.
Ваквата голема разлика во бројот на ученици по паралелка го наметнува прашањето дали е неопходно да се отвори и четврта паралелка на албански јазик. Со отворањето на уште една паралелка, 78-те ученици би биле порамномерно распоредени, што значително би ги подобрило условите за нормално одвивање на наставниот процес. Со четири паралелки, просечниот број би се намалил на околу 19 до 20 ученици по училница.
Останува да се види дали надлежните ќе го земат предвид ова барање и дали ќе се разгледа можноста за формирање на четврта паралелка на албански јазик. Ова прашање се очекува да биде предмет на дискусија во рамките на организацијата на образовниот процес во ова училиште.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

