03 септември 2026
• од Темелко Тошев
натпреварите на фудбалскиот клуб Вардар. Како што се наведува во соопштението, бојкотот ќе трае сè додека актуелната управа на клубот, која е предводена од Миленко Неделковски, не поднесе оставка и не си замине од функцијата.
Оваа одлука е донесена на отворен состанок на групата, по претходни консултации со сите подгрупи кои едногласно ја поддржале иницијативата. Како главни причини за незадоволството и револтот, „Комити“ ги посочуваат аматеризмот и примитивизмот кои, според нив, владеат во клубот. Тие ја обвинуваат управата за катастрофални одлуки на секое поле и за срамен однос кон навивачите. Според навивачите, ситуацијата кулминирала на последниот натпревар кога клупското обезбедување, по наредба на Неделковски, ги нападнало децата на групата и клубот.
„Комити“ најавија дека нивното последно присуство на трибините пред почетокот на бојкотот ќе биде в понеделник, на натпреварот против екипата на Арсими. Натпреварот ќе се одигра во 19:00 часот на стадионот на ФФМ, а целта на нивното присуство е да покажат солидарност со младите фудбалери на Вардар и гласно да го изразат својот револт против раководството, кое го нарекоа „најсрамната Управа во целата историја на ФК Вардар“.
Собирот на навивачите за овој натпревар е закажан во 18:15 часот на последната автобуска постојка на „5-ка“ во Ново Лисиче, од каде во 18:45 часот заеднички ќе се упатат кон стадионот. Групата јавно апелираше дека на влезот преглед ќе може да врши исклучиво полицијата и дека нема да дозволат присуство на други лица за таа намена.
По завршувањето на натпреварот против Арсими, бојкотот и официјално ќе стапи на сила, а „Комити“ истакнаа дека својот навивачки фокус целосно ќе го пренасочат кон натпреварите на ракометниот клуб Вардар, за што дополнително ќе ја известат јавноста.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

