02 септември 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Левица преку писмено соопштение упати остри критики до владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на предлогот за ратификација на новиот билатерален договор меѓу нашата држава и Соединетите Американски Држави (САД).
Од Левица тврдат дека во самиот текст на овој нов меѓудржавен договор се врши директно бришење на македонскиот национален идентитет. Според нивните посочувања, во документот повеќе не се користи терминот македонски народ, туку истиот е заменет со формулацијата „народот на Северна Македонија“.
Партијата директно ја прозва ВМРО-ДПМНЕ за лицемерие, потсетувајќи на нивните предизборни реторики и ветувања.
„Ќе остане запаметено дека токму во времето на ДПМНЕ, партијата која со години ги делеше Македонците на „патриоти“ и „предавници“, која организираше протести и ветуваше дека ќе го врати името – под нивна власт, македонскиот народ исчезна и остана само „народот на Северна Македонија“, се истакнува во реакцијата на Левица.
Според партијата, овој потег е доказ дека наводните патриотски политики на владејачката партија биле само предизборна манипулација, додека во пракса, како што велат, тие без поговор ги прифаќаат и спроведуваат политиките на денационализација и бришење на македонскиот идентитет кои ги започна претходната власт.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

