02 септември 2026
• од Темелко Тошев
Унгарската полиција отвори кривична истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната Ексимбанка, меѓу кои е и кредитот од една милијарда евра одобрен за Македонија. Предметите се истражуваат поради сомнежи за злоупотреба на службената положба и несовесно управување.
Според информациите, истражителите заплениле илјадници страници интерна документација од Министерството за економија.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар, изјави дека постои сомнеж дека средства што првично биле наменети за поддршка на унгарските компании можеле да бидат користени за зајакнување на странски политички сојузници, како и дека одредени компании блиски до поранешната власт можеле да имаат корист од овие средства.
Кредитот за Македонија е одобрен со каматна стапка од 3,25 отсто и со целосна државна гаранција. Средствата од кредитот се наменети за поддршка на домашната економија и за инфраструктурни проекти. Истрагата ќе утврди дали биле почитувани законските процедури и дали државните средства биле користени за намените за кои биле одобрени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

