30 август 2026
• од Темелко Тошев
Европската комисија (ЕК) постави јасен став дека секое глорифицирање, величење или славење на ратните злосторници е во директен судир со темелните европски вредности и нема апсолутно никакво место во Европската Унија, ниту пак во земјите кои се кандидати за членство.
Оваа порака од Брисел доаѓа во момент кога во регионот продолжува појавата на ревизионизам и негирање на историските факти и судски утврдените одлуки за најтешките злосторства, вклучувајќи ги и тие од времето на распадот на поранешна Југославија.
Од Европската комисија потсетуваат на пресудите од меѓународниот трибунал во Хаг, каде меѓу другото, беа утврдени одговорностите и вината за геноцид (како на пример во Сребреница каде беа убиени околу 8.000 Бошњаци), насилните протерувања на цивилно население, тероризирањето на цивилите за време на опсадата на Сараево, како и другите тешки кршења на меѓународното хуманитарно право.
Брисел уште еднаш подвлече дека помирувањето, почитувањето на судските пресуди и грижата за жртвите се клучни елементи за стабилноста, демократскиот развој и евроинтегративниот процес на земјите од западниот Балкан. Секое негирање на геноцидот и величење на осудените лица за ратни злосторства директно го поткопува соживотот и европската иднина на регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

