28 август 2026
• од Темелко Тошев
Пратениците од бугарската политичка партија ГЕРБ, Георг Георгиев (поранешен министер за надворешни работи на Бугарија) и Красимир Терзиев, денеска ќе присуствуваат на судското рочиште во Основниот суд во Кочани.
Тие доаѓаат за да го проследат судењето против 23-годишната Ива Михаилова, граѓанка која поседува македонско и бугарско државјанствоКако што соопштија од прес-центарот на ГЕРБ, нивното присуство на рочиштето во Република Северна Македонија е јасен израз на ставот на партијата, која будно и одблиску го следи развојот на овој случај.
Од партијата на Бојко Борисов категорично инсистираат на транспарентен и праведен судски процес за Михаилова. Покрај барањето за фер судење, од ГЕРБ нагласуваат дека на Михаилова мора да ѝ биде овозможен и непречен пристап до неопходното медицинско лекување, што е од клучна важност за нејзината здравствена состојба.Случајот на младата кочанчанка веќе го привлече вниманието на јавноста, а денешното присуство на бугарските политички претставници на самиот судски процес дополнително ја нагласува сензитивноста на темата поврзана со статусот и правата на граѓаните со двојно државјанство.
Американскиот Конгрес подготвува санкции за Србија: Предложен законот „SRBIJA Act“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

