27 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати остри критики кон, како што ги нарекува, лажните патриоти и националистички структури во државата. Тој отворено го осуди политичкото лицемерие што според него владее во македонското општество, посочувајќи дека патриотската енергија се насочува кон погрешни цели, додека вистинските закани се премолчуваат.
Георгиевски смета дека постои хипокризија не само од страна на владините структури, туку и од разни здруженија, поединци и други политички партии. Овие структури, како што вели тој, континуирано се гласни против соседите – Грција, Бугарија и кон Албанците, претставувајќи се како бранители на македонските национални интереси. Но, според него, нивниот „патриотизам“ застанува таму каде што почнува вистинскиот проблем.
„Мене ме иритира едно лицемерие, политичка хипокризија што се случува во Македонија, не само од владината структура, туку и од многу други, така да речеме националистички структури македонски. Затоа што националистичките структури не се само концентрирани во владата, туку имате вие и разни здруженија, други партии, па имате поединци националисти кои сакаат да бидат. И сите тие значи цело време ги слушаме против Грција, против Албанците, против Бугарите“, истакнува Георгиевски.
Главната поента во неговото излагање е предупредувањето за тивката, но според него, сеприсутна опасност која доаѓа од северот. Тој директно ја лоцираше вистинската закана за македонското општество:
„Тие се патриоти против сè, а не се патриоти против она што за мене е главна закана. Ние сме во комплетен процес на српска асимилација по сите основи.“
Ваквиот став на Георгиевски отвора сериозна дебата за тоа кон кои прашања се насочува вниманието на јавноста и каде навистина се лоцирани странските влијанија врз македонската култура, општество и секојдневие.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

