TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Стразбур кажа „НЕ“ за уште еден кандидат од Македонија за судија во ЕСЧП

27 август 2026

• од Темелко Тошев

Нова ротација и уште едно одложување на процедурата за избор на судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа го отфрли предлогот на македонската Комисија, Ана Дангова Хуг да биде една од трите предложени кандидатки за судија во Стразбур.

До Советот на Европа ќе биде испратено ново име – адвокатката Јелена Ристиќ, потврди претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, кој воедно е и претседател на Комисијата.

„По добивањето на известувањето од Министерството за надворешни работи дека панелот на експерти оценил оти третиот предложен кандидат, адвокатката Дангова, не ги исполнува целосно критериумите на Советот на Европа за судија во ЕСЧП, Комисијата одржа состанок на 20 август и едногласно одлучи адвокатката Ристиќ да биде новиот кандидат“, изјави Костадиновски.

Постапката за избор на македонски судија во ЕСЧП започна пред околу година и пол и оттогаш е проследена со бројни пречки и контроверзии.

Првата комисија ги предложи судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристовска и адвокатот Јордан Апостолски, но Владата, пред листата да биде испратена во Советот на Европа, ја поништи со кусо образложение дека кандидатите не ги исполнуваат условите. Потоа, Владата формираше нова комисија, предводена од претседателот на Уставниот суд, во која членуваат и претседателите на Врховниот суд, Кривичниот и Граѓанскиот суд, како и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

Во ноември минатата година, оваа комисија, заедно со Апостолски, ги предложи и адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сашо Георгиевски. Во мај беше соопштено дека повторно треба да се предложи кандидат на местото на Апостолски, па беше предложена Дангова. Сега, по трет пат, листата е променета и токму од оваа листа Советот на Европа треба да го избере македонскиот судија.

Костадиновски се согласува дека постапката трае предолго и се надева дека овој пат ќе заврши со избор на судија, ако не на октомвриската сесија на Советот на Европа, тогаш во јануари.

„Точно е дека постапката се одолжи. Ниту јас не го очекував ова. Одложувањето има неколку причини, меѓу кои и брзината со која работи експертскиот панел. Ние како Комисија реагираме веднаш штом има некоја забелешка и веднаш предлагаме нов кандидат. Но, генерално, земајќи ја предвид работата на првата комисија и на оваа комисија, постапката трае предолго“, посочи Костадиновски.

Судијата Јован Илиевски, кој требаше да си замине од Стразбур на почетокот на оваа година, ќе остане на функцијата сѐ до изборот на неговиот наследник.

За новата промена, Комисијата (која одлуката ја донесе на 20 август) не ја информираше јавноста, за разлика од досегашната практика. Според Костадиновски, Комисијата овој пат одлучила постапката да се одвива подискретно и промените да не се објавуваат јавно, водејќи се од искуствата на некои други земји, каде експертскиот панел се соочувал со бројни поплаки и забелешки кон сите предложени кандидати, што дополнително го оптоварувало процесот.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
27 август 2026

Љубчо Георгиевски: Лажните патриоти шират омраза кон Грција, Бугарија и Албанците, а молчат за српското влијание

МАКЕДОНИЈА
27 август 2026

Љубчо Георгиевски: Нема што да зборуваме со Бугарија, имаме разговор со ЕУ – внесете ги Бугарите во Уставот!

МАКЕДОНИЈА
27 август 2026

Георгиевски: Се бориме против бугаризација, а ни се случува радикална србизација на историјата!

МАКЕДОНИЈА
27 август 2026

Левица: Дата-центрите се шанса за експлоатација, а не „нова нафта“ за Македонија

МАКЕДОНИЈА
27 август 2026

Исмаил Јахоски и Мендух Тачи се најбогатите пратеници во Собранието – милионски имоти на врвот на листата

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
27 август 2026

Љубчо Георгиевски: Национализмот на Груевски со античка Македонија беше апсурден, никој во светот не нè разбра

МАКЕДОНИЈА
27 август 2026

ДУИ: Јазикот на Стојанче Ангелов гази врз раните од 2001 година и зборува за опасен менталитет

МАКЕДОНИЈА
27 август 2026

Албанските ученици се мнозинство во основните училишта во скопската општина Бутел

ДРУГО
27 август 2026

Денеска 27 август 2026 година се празнува Светиот пророк Михеј

СВЕТ
26 август 2026

Зеленски го одликуваше Илон Маск со украинскиот орден „Слобода“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Љубчо Георгиевски: Нè бранат од Бугарите, од Албанците и од ЕУ, само од Србите не нè бранат

МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Новата учебна година носи промени: Се затвораат 26 селски училишта, бројот на првачиња во опаѓање

МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

МВР со ригорозни контроли: Речиси 7.000 прекршоци на мотоциклисти за два и пол месеци, најголем проблем е неносењето кацига

МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Љубчо Георгиевски: Македонецот не се сеќава на милијардата долари украдени од Србија, но се жали на оружјето од Бугарија

МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Глутница кучиња тероризира жители во Ѓорче Петров: Маж заврши на петчасовна операција по напад

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Секое десетто дете во Македонија жртва на онлајн сексуална експлоатација и злоупотреба

МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Костадинов со предлог: Да се скратат функционерските плати за 75% и парите да се дадат на земјоделците за пиперката!

МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Еко-свест алармира: Во Маврово се подготвува нова сеча на шума за изградба на мала хидроцентрала

МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Љубчо Георгиевски: Нè нарекоа бугарофили бидејќи сакавме да ги срушиме ѕидовите со Бугарија

МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Левица до Јаневска: Студентскиот оброк три години е закован на 140 денари, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

ДУИ обвинува: ВЛЕН ја претвора болницата „Бардовци“ во семеен бизнис преку тендер од 42 илјади евра

МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

НЕВЕРОЈАТНО ЛИЦЕМЕРИЕ: Премиерот „најсреќен“ ако САД не ви дадат виза, а народот нека преживува со 424 евра!

МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Жерновски: Наместо да создаде услови дома, премиерот сака да им забрани на младите да заминат

СВЕТ
26 август 2026

Јандроковиќ предупредува: Србија набавува офанзивно оружје, Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност

СВЕТ
26 август 2026

Бугарија доби речиси 70% од парите од Планот за закрепнување и отпорност

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
26 август 2026

Албин Курти во официјална посета на Скопје по повод роденденот на Мајка Тереза

СВЕТ
26 август 2026

Уште нови возови на бугарските пруги: Пристигнуваат модерните „Alstom Coradia Stream“

СВЕТ
26 август 2026

Европскиот моден гигант Zalando официјално започна со работа во Бугарија

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега