27 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати остри критики за состојбите во македонската историографија и јавниот дискурс, обвинувајќи за двојни аршини и хипокризија во општеството. Тој смета дека додека јавноста стравува од наводна бугаризација, во позадина непречено се одвива процес на радикална србизација и рехабилитација на Караѓорѓева Југославија.
Во своето најново обраќање, Георгиевски без влакно на јазикот ја коментираше актуелната дебата околу македонската историја, нагласувајќи дека не може повеќе да ја поднесе, како што вели, хипокризијата на домашната сцена.
„И коначно сега доаѓаме до една тема која е многу врзана со оваа бугарската тема – бугаризација на македонската историја. Таа хипокризија не можам да ја поднесам до крај. Цело време се прават некакви фронтови дека ќе се бориме против бугаризацијата на македонската историја, а од друга страна во последните години имаме радикална србизација на македонската историографија“, посочува Георгиевски.
„Ни комунистите не дозволуваа ваква пропаганда“
Тој прави паралела со минатиот систем, истакнувајќи дека вакво промовирање на великосрпската идеологија не било дозволено ниту во времето на комунизмот. Според Георгиевски, дури и тогашните политички фигури кои важеле за најригидни, имале поставено јасна „црвена линија“ кон великосрпската политика и кон наследството на Караѓорѓева Југославија.
Рехабилитација преку филмови и медиуми
Поранешниот премиер предупредува дека овој процес денес се спроведува суптилно, преку поп-културата, медиумскиот простор и јавните настани низ државата.
„Ние денес имаме комплетна рехабилитација на Караѓорѓева Југославија во Македонија. Тоа се прави преку филмови кои ни се продуцираат преку одредени медиуми во земјава, па сѐ до најофицијалните прослави“, заклучува тој во својата изјава.
Овој став на Георгиевски доаѓа во време на чувствителни политички и историски дебати во земјава, и очекувано, предизвикува бројни реакции во јавноста.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

