27 август 2026
• од Темелко Тошев
Од опозициската партија СДСМ реагираат дека и по шест недели од труењето на цел еден град, при што над 5.000 луѓе завршија во болниците, сè уште нема никаков официјален документ за состојбата со водата во Гостивар.
Од партијата прашуваат зошто во јавноста се пласираат само делови од документацијата, а не се објавува целосната анализа.
„За време на кризата, граѓаните добиваа различни и контрадикторни информации. Прво, водата беше прогласена за небезбедна за пиење. Потоа беше кажано дека може да се користи само за технички потреби. Тошковски изврши хиперхлорирање. Потоа рекоа дека во водата има бактерии. Тотален хаос. Така, Мицкоски и Клековски отидоа на екскурзија. Пред да заврши нивната екскурзија, функционерите пиеја вода пред камери со срамни здравици и изјавуваа дека водата е безбедна за пиење“, посочуваат од СДСМ.
Оттука додаваат дека и покрај ваквите настапи, граѓаните се оставени без конкретни докази за исправноста на водата.
„Сепак, целосните резултати од анализата на водата не беа објавени. Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар? Кој ја донесе одлуката повторно да се пушти водата за пиење и врз основа на кои резултати? Кој гарантира со своето име, презиме и потпис дека водата е безбедна? Дали некој на овој начин сака да избегне одговорност? Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина“, се вели во партиското соопштение на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

