27 август 2026
• од Темелко Тошев
Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, за време на неговата посета на Москва, ја предупреди Русија да не ги напаѓа сојузниците на НАТО, објавија „Волстрит журнал“ и „Политико“, повикувајќи се на анонимни извори.
Ратклиф во вторникот го посети рускиот главен град, но речиси ништо не беше соопштено во јавноста во врска со содржината на неговите разговори, пренесува ДПА.
Според извештајот на „Политико“, предупредувањето на Ратклиф било фокусирано на можна ескалација која би ги вклучила источните сојузници на НАТО во балтичкиот регион. Тој, исто така, го повикал Кремљ да ја намали воената и финансиската поддршка за Иран, се наведува во извештајот.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како што пренесуваат руските новински агенции, потврди дека Ратклиф отпатувал во Москва на разговори „меѓу тајните служби“. Песков, кој е близок соработник на претседателот Владимир Путин, нагласи дека Путин не остварил средба со директорот на ЦИА.
Ова е најверојатно прва посета на Ратклиф на Москва во својство на директор на ЦИА. Последната позната посета на директор на американската разузнавачка агенција на Русија се случи во 2021 година, кога тогашниот директор Вилијам Барнс отпатува во Москва и се сретна со Путин. Тогаш Барнс беше испратен од американскиот претседател Џо Бајден за да помогне во спречување на ескалација на конфликтот во Украина, но и покрај тоа, во февруари 2022 година Путин ја започна целосната инвазија на Украина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

