28 август 2026
• од Темелко Тошев
Професорката Мирјана Најчевска преку социјалните мрежи упати остра критика за моменталната состојба во државата, поставувајќи го клучното прашање: „Што уште треба да се случи за овој народ да се побуни?“
Во својата објава, таа се осврна на низа горливи проблеми со кои граѓаните се соочуваат со години, но за кои, според неа, никој не презема одговорност. Најчевска ги истакна кражбите и лагите кои, како што вели, траат веќе 35 години, а потсети и на трагедиите во кои згаснаа човечки животи, за кои посочува дека оставаат впечаток дека „никој нема да биде виновен“.
Во нејзината опсежна критика, таа не го изостави ниту секојдневниот живот на граѓаните. Го спомена проблемот со загадувањето, натрупаниот отпад, уништувањето на шумите, како и тешката состојба на земјоделците. Посебен акцент стави на партиските и административните вработувања, критикувајќи го системот на „заменици на заменици“, кој според неа, само го оптоварува државниот апарат без никој да сноси одговорност.
Трошењето на јавните пари за споменици и други проекти, како и состојбата во јавните претпријатија, исто така беа мета на нејзините забелешки. Но, нејзиниот став беше особено остар кога станува збор за здравството и образованието. Таа направи морбидна споредба на болниците со „куќите на смртта на Мајка Тереза“, додека образовниот систем го оцени како еден од најлошите во Европа.
Правосудството, исто така, не остана поштедено, нарекувајќи го „најкорумпиран правосуден систем“, каде отсуството на одговорност е секојдневие.
„Најсериозно, што треба да се случи за да кажете дека еве сега е она зор заман кога треба нешто да се направи?“ – прашува Најчевска, повикувајќи на будење на свеста и барање на одговорност од оние кои ја водат државата.
Ова општествено-политичко обраќање на Најчевска уште еднаш ги отвора прашањата за длабоките проблеми во македонското општество и потребата од суштински промени
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

