28 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати остра критика кон состојбата со македонскиот јазик и култура, како и кон, според него, лажниот патриотизам кој е сеприсутен во општеството. Во своето најново излагање, тој го истакна лицемерието на оние кои најмногу зборуваат за национализам, а во секојдневието и на приватните веселби се целосно отуѓени од сопствениот идентитет.
Осврнувајќи се на актуелните дебати за негирањето и заштитата на македонскиот јазик, Георгиевски потенцираше дека најголемата закана за јазикот не доаѓа однадвор, туку од самите граѓани и институции во државата.
„Ако почнеме од јазикот кој гледаме дека нигде не сме... Го браниме јазикот од формално негирање. Чекајте, а го браниме јазикот од неговата заштита овде во Македонија? Колку Македонци зборуваат правилен литературен јазик? Колку на медиумите се зборува правилен литературен јазик? Колку во песните имаме литературен јазик?“ – прашува Георгиевски.
Според него, суштината не е во политичките флоскули, туку во личната одговорност. Тој апелираше дека е неопходно јазикот да почне да се зборува правилно, бидејќи масовната култура веќе одамна не ги препознава македонските вредности.
Георгиевски беше особено остар кога станува збор за музичката култура на македонските прослави. Тој ја посочи апсурдноста на тоа да се глуми голем патриот, додека истовремено се слават најубавите животни моменти исклучиво со странска музика.
„Многу е, дури не е смешно кога зборуваат за македонски национализам и патриотизам, а истите тие кога ќе идеш на нивна свадба или крштевка, 95% од песните се српски. Ќе ви кажат: ‘Е, ај сега една македонска оти сме Македонци, колку да ја пуштиме’. И сега тие ни кажуваат што е македонски патриотизам и национализам!“ – заклучува тој.
Со оваа изјава, поранешниот премиер директно ги прозва „квазипатриотите“, испраќајќи порака дека вистинскиот однос кон државата не се покажува преку празни декларации на социјалните мрежи, туку преку негувањето на сопствениот јазик, музика и културно наследство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

