27 август 2026
• од Темелко Тошев
Жителите на тетовските села Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица (на потегот од гробиштата во Мала Речица до селото Голема Речица) се известуваат дека по извршените анализи за квалитетот на водата, констатирано е дека таа не ги исполнува условите и стандардите за да се користи како вода за пиење.
Поради оваа причина, строго се забранува употребата на водата за пиење сè до дополнително известување од надлежните институции.
Од Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово, нагласуваат дека тие не се надлежни за водоснабдувањето на овие села, бидејќи конкретните населени места не се снабдуваат со вода од градскиот водоводен систем на Тетово со кој управува претпријатието. Оттука, одговорноста за снабдувањето и управувањето со водоводот во овие села е во целосна надлежност на соодветните локални структури.
Сепак, поради сериозноста на ситуацијата и пред сè заради заштита на јавното здравје, на жителите им се советува да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за консумација, сè додека не се добијат нови резултати кои ќе потврдат дека водата е безбедна за пиење.
За сите дополнителни информации, жителите треба да се обратат директно до надлежните институции и месните заедници кои се одговорни за управување со овие водоводни системи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

