24 август 2026
• од Темелко Тошев
Европската комисија одобри нов пакет финансиски средства во износ од 6,1 милијарди евра, наменети за набавка на одбранбена опрема за Украина, соопшти прес-центарот на Комисијата. Финансирањето ќе опфати системи за воздушна и противракетна одбрана, ракети, муниција и радари.
„На Денот на независноста на Украина, Европа покажува дека нашата поддршка е непоколеблива и конкретна. Денеска одобривме 6,1 милијарди евра за системи за воздушна и противракетна одбрана, ракети, муниција и радари кои и се итно потребни на Украина. Бидејќи Русија ги засилува своите напади, ние ја зголемуваме нашата поддршка за да ѝ помогнеме на Украина да го заштити својот народ и своето небо. Европа е покрај Украина и ќе ѝ го обезбедиме она што ѝ е потребно, тогаш кога ѝ е потребно“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Овие средства се дел од големиот Заем за поддршка на Украина (UASL) во вкупна вредност од 90 милијарди евра. Денешното одобрување се надоврзува на веќе постоечките планови за испораки вредни 16 милијарди евра, по кои досега се исплатени 8,35 милијарди евра. Според Комисијата, со ова се гарантира дека Украина навремено ќе ги добие критичните залихи во потребниот обем.
Поголемиот дел од опремата ќе биде произведена од одбранбените претпријатија во Европската Унија. Поради засиленото користење на балистички ракети и дронови со млазни мотори од страна на Русија, Европската комисија ја нагласува потребата од значително зголемување на испораките преку обезбедување опрема од постоечките залихи, пренасочување на веќе направени нарачки, како и преку зголемување на самото производство.
Програмата UASL предвидува 30 милијарди евра за буџетска поддршка и 60 милијарди евра за одбрана во текот на 2026 и 2027 година. Во овој буџет се вклучени и 28,3 милијарди евра наменети исклучиво за зајакнување на капацитетите на украинската одбранбена индустрија во текот на 2026 година.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

