24 август 2026
• од Темелко Тошев
Во екот на тешката битка со големиот шумски пожар кој избувна над селото Палиград на планината Китка, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје изведоа хуман и херојски потег, спасувајќи мало теле кое останало заробено на опожарениот терен.
Иако исплашено и беспомошно пред огнената стихија, животното било успешно извлечено надвор од опасната зона. Оваа позитивна вест од теренот ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, кој преку социјалните мрежи сподели детали за несекојдневната случка.
„Вчера, додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка. Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден“, напиша Али на својот Фејсбук профил.
Тој потенцираше дека во вакви кризни ситуации, секој спасен живот има огромно значење, потсетувајќи дека огнените стихии не бираат жртви.
„За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија. Денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме едно мало суштество“, додаде директорот на ЦУК.
Оваа спасувачка акција на скопските пожарникари е само уште еден доказ за нивната пожртвуваност на терен, каде покрај заштитата на луѓето и имотот, несебично се борат и за спас на секој загрозен живот во природата.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

