24 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот потпретседател на бугарската Државна агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ), доцент Спас Ташев, на социјалните мрежи објави коментар во кој изнесува лични тврдења во врска со познатата интерпретаторка на македонската народна музика, Васка Илиева.
Коментарот на Ташев е објавен како реакција на претходна статија на порталот Вестимак.мк, која се однесува на доајенот Александар Сариевски.
Во својата реакција Ташев наведува дека Васка Илиева се чувствувала како Бугарка. Според неговото сведочење, додека тој бил на функцијата заменик-претседател на ДАБЧ, таа стапила во контакт со него. Ташев тврди дека Илиева размислувала да поднесе барање за бугарско државјанство и дека веќе биле започнати подготовките на потребната документација.
Дополнително, бугарскиот доцент во истиот коментар изразува и сомнежи околу околностите под кои настапила нејзината смрт. Тој пишува дека токму во периодот кога се подготвувале документите, кај Илиева отишле, како што ги нарекува, „некакви омовци“, по што таа починала. Ташев во својата објава поставува отворено прашање дали постоела надворешна вмешаност во нејзината смрт, додавајќи дека смета оти „е добро овој факт да се знае“.
Васка Илиева останува забележана во историјата како една од најзначајните фигури во македонската фолклорна музика, со огромен придонес кон зачувувањето на изворната песна. Изјавата на Ташев претставува уште едно во низата различни толкувања и тврдења кои доаѓаат од бугарските општествено-политички кругови во однос на познати личности од македонската културна историја.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

