24 август 2026
• од Темелко Тошев
Мирисот на чад кој денеска се чувствува во повеќе делови на Скопје доаѓа од активниот пожар на планината Жеден, во атарот на селото Бојане. Огнената стихија, која започна од тетовската страна, полека се проширува кон скопскиот дел од планината.
Ова го потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во своето најново видео-обраќање. Тој истакна дека станува збор за пожар кој гори на исклучително тешко пристапен терен, што дополнително го отежнува неговото гаснење.
„Како поддршка на скопските пожарникари, во гаснењето на овој сложен пожар се вклучени и колеги од Тетово. Очекувам во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз овој пожар, кој е многу тежок за гасење“, изјави Ангелов.
Претходно во текот на денот, од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека зачаденоста која се забележува во главниот град е резултат на ветерот. Според нивните тогашни информации, ветерот го носел чадот од пожарот на планината Китка, кој ги зафати општините Студеничани и Зелениково. За справување со огнената стихија на Китка, денеска интервенираше и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.
Надлежните институции остануваат на терен и продолжуваат со напорите за ставање на сите активни пожари под целосна контрола.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

