24 август 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), д-р Венко Филипче, денеска излезе со сериозни предупредувања за засилување на владината пропагандна машинерија во пресрет на следните изборни соочувања. Според него, ова се реализира преку купување на нови медиуми и инфилтрирање на српски медиумски структури во македонскиот информативен простор.
Филипче истакна дека власта очигледно се подготвува за избори, без разлика дали тие ќе бидат предвремени или редовни. Тој обвини дека веќе 40 отсто од вкупниот број медиуми во земјава се под контрола на луѓе блиски до унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Сега се спрема да влезе и тешката српска пропагандна артилерија на чело со 'Ало Медиа'. Купуваат медиуми, телевизии, Еуроњуз е веќе тука. Уредници се добро познатите Латас и Ивона, луѓе коишто соработуваа со Груевски, кои се соработници на српски служби и работат спротивно на интересите на државата“, нагласи лидерот на СДСМ.
Според Филипче, ова медиумско позиционирање се случува во крајно неповолен момент за државата, кога Македонија е целосно заглавена на својот евроинтегративен пат, додека соседите како Албанија и Црна Гора забрзано напредуваат.
„За Европа повеќе никој не ни зборува. Останавме слепо црево на Балканот и на Европа. Оваа власт е антиевропска и нè држи изолирани под влијание на 'српскиот свет'. Тоа не го кажуваме само ние, туку и самата Европа забележува дека овде влијание има српскиот свет“, порача Филипче на денешната прес-конференција.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

