24 август 2026
• од Темелко Тошев
Македонската пратеничка и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, доби престижно признание од Украина – орден „Принцеза Олга“ од прв степен. Орденот ѝ беше врачен за време на нејзиното учество на Националниот молитвен појадок кој се одржа во Киев, Украина.
Ова високо одликување ѝ беше доделено од страна на украинскиот претседател уште на 4 септември 2023 година, како признание за нејзиниот значаен личен придонес во зајакнувањето на одбранбените капацитети и способности на Украина во текот на руската инвазија.
Во рамките на нејзината посета на Киев и Националниот молитвен појадок – настан со големо духовно и дипломатско значење кој ги обединува лидерите околу напорите за мир и иднината на Украина – Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина.
Како што информираат од македонското Собрание, на средбата Петровска ја потврдила силната и недвосмислена поддршка што Република Северна Македонија ѝ ја дава на Украина. Таа ја реафирмирала посветеноста на нашата земја кон напорите за постигнување праведен и траен мир, додавајќи дека нејзиното присуство на овој настан е јасен израз на солидарноста со украинскиот народ и институции кои продолжуваат да го бранат својот суверенитет и територијален интегритет.
Овогодинешното издание на Молитвениот појадок во Киев има и посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. На настанот присуствуваа високи украински претставници, меѓународни партнери, верски лидери и претставници на вооружените сили.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

