24 август 2026
• од Темелко Тошев
Иако смената на чело на партијата сè уште не е отворена како дневна тема, аналитичарот смета дека сите параметри водат кон поранешниот шеф на дипломатијата.
Иако во моментов не изгледа дека смената на лидерската позиција во најголемата опозициска партија ДУИ е отворено прашање на дневен ред, политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани смета дека според сите клучни параметри, токму актуелниот потпретседател Бујар Османи ќе биде идниот претседател на партијата.
Во својата анализа, Рамадани издвојува пет главни аргументи кои, според него, ја зацврстуваат позицијата на Османи како природен наследник на Али Ахмети на чело на ДУИ:
Освен градоначалникот на Липково, Еркан Арифи — кој досега никогаш нема искажано амбиција за преземање на партиското кормило — ДУИ немаше други директни победници против коалицијата ВЛЕН. Како резултат на тоа, главен внатрепартиски параметар останува бројот на освоени гласови, категорија во која Османи убедливо предничи.
Османи доаѓа од Чаир, општина со огромна политичка тежина која влегува и во првата и во втората изборна единица. Овие две единици заедно имаат капацитет да донесат број на пратенички мандати споредлив со традиционалното албанско упориште — шестата изборна единица.
Јавниот впечаток и случувањата на терен покажуваат дека единствените партиски ограноци и структури на ДУИ што во моментов се максимално активни, континуирано функционираат и привлекуваат нови членови се токму оние што ги координира Османи.
Со долгогодишно искуство како министер во влади водени и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, Османи поседува коалициски потенцијал — како за власт, така и за опозициско дејствување — каков што во партијата во моментов нема никој друг освен самиот Ахмети.
На планот на меѓународните контакти и дипломатското влијание, како и врските низ сеалбанскиот простор во регионот, Рамадани оценува дека Османи благодарение на досегашниот дипломатски ангажман го надминува дури и актуелниот партиски лидер.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

