24 август 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати апел за итно ставање во функција на ПЕТ центарот. Тој предупреди дека неработењето на овој центар директно го загрозува здравјето и животот на пациентите со најтешки форми на рак.
„Само еден ден работеше ПЕТ центарот и сега повторно е надвор од функција“, истакна Филипче.
Тој нагласи дека се работи за исклучително важна здравствена услуга од која зависи одредувањето и понатамошниот тек на терапијата за онколошките пациенти.
„Се работи за околу 15 пациенти на ден коишто се најтешко болните пациенти, коишто имаат рак, од коишто животот им зависи од тоа снимање. Ова снимање ја одредува терапијата или нејзината модификација во зависност од стадиумот на болеста“, појасни лидерот на СДСМ.
Според Филипче, ПЕТ центарот не функционира веќе два и пол месеци, со што пациентите се оставени во сериозен ризик.
„Сега се во ризик. Два и пол месеци не работи до сега. Итно да се среди овој проблем. Како знаат и умеат, уште утре да биде ПЕТ центарот во функција. Директно се загрозува здравјето и животот на најтешко болните пациенти во државава“, апелираше Филипче, додавајќи дека нерешавањето на овој проблем е одраз на односот на актуелната власт кон пациентите и здравствениот систем.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

