30 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски повика на напуштање на, како што вели, „лажната митологија“ и мистификацијата на историските настани од крајот на Втората светска војна, посочувајќи дека улогата на бугарската армија во борбите против германските сили на територијата на Македонија и регионот е неоспорен факт.
Според Георгиевски, по наредба на Црвената армија да се нападнат германските единици во повлекување, бугарските сили одиграле значајна улога во воените дејствија во повеќе македонски градови.
„Јасни се фактите дека бугарската армија учествува во тоа таканаречено ново ослободување од Германците во многу градови. Големи дивизии влегуваат преку Струмица, Делчево, Крива Паланка и тоа се факти. Учествуваат во ослободувањето на сите тие градови, а во Куманово и во Скопје ги водат главните битки“, истакнува Георгиевски.
Тој додава дека нема потреба од прикривање на историската вистина и прави паралела со официјалниот наратив во соседна Србија:
„Нема потреба од лажење. Не знам зошто толку имаме мерак да ја лажеме и да ја мистифицираме историјата. Тие сили понатаму продолжуваат горе према Ниш. Србите денеска си признаваат дека во ослободувањето на Ниш и на Белград учествуваат бугарски единици. Ако Србите може да си го признаат тоа, зошто ние да не си го признаеме?“, прашува поранешниот премиер.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

