30 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски повторно ја бранува јавноста со своите контроверзни ставови за македонската историја. Во своето последно обраќање, тој отворено и директно зборуваше за настаните од 1941 година, тврдејќи дека македонскиот народ масовно, со цвеќе и со радост ги пречекал бугарските војски.
Георгиевски тврди дека влезот на германските, а потоа и на бугарските сили во Македонија за време на Втората светска војна не бил дочекан со отпор од месното население, туку со организирани пречеци.
„Четрдесет и прва година, кога доаѓа, кога влегуваат прво германските, а потоа и бугарските сили, Македонија масовно во сите градови, во сите села излегува да ги пречека бугарските фашистички окупатори со цвеќиња и со радост.“
За да ги поткрепи своите тврдења, тој посочува дека за овие настани постојат бројни визуелни докази – фотографии и филмски материјали, апелирајќи до граѓаните да ја побараат вистината и од постарите генерации, односно да ги прашаат своите баби и дедовци дали е тоа така.
Во своето излагање, експремиерот ја обвини државата и општеството за намерно прикривање на фактите, нагласувајќи дека официјалната историја содржи празнини.
Тој истакна:
На крајот од своето излагање, Георгиевски упати директен повик до граѓаните, истражувачите и историчарите да ги преиспитаат достапните документи од тоа време.
„Еве ве упатувам да ги поразгледате архивите, да погледнете во секој град кои се тие луѓе кои ги пречекувале Бугарите во четрдесет и прва година“, порача тој, алудирајќи дека во документите се кријат имињата на видни граѓани од тоа време кои учествувале во пречекот.
Ваквите изјави доаѓаат во период на континуирани и чувствителни дебати поврзани со историското минато меѓу Северна Македонија и Бугарија, и се очекува да предизвикаат силни полемики и реакции како кај пошироката јавност, така и во историската фела.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

