30 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати остри критики кон домашните политички и општествени фактори поради двојните аршини во однос на историските прашања со соседите, како и кон дипломатските потези на актуелната власт кои се однесуваат на Грција.
Во своето најново телевизиско гостување, тој директно ги прозва таканаречените „патриотски структури“ за нивниот молк кон узурпацијата на македонската историја од северниот сосед, додека целото внимание е насочено кон одбрана од Бугарија.
Двојни стандарди за историјата: Гласни за Бугарија, неми за „Стара Србија“
Осврнувајќи се на актуелните историски дебати, Георгиевски праша: „Кого правите луди вие во оваа држава?“. Тој посочи дека постои очигледна узурпација не само на македонското минато, туку и на сегашноста, која поминува без никаква реакција од домашната јавност.
„И сега вие зборувате се браниме против бугарската историја... На крајот на краиштата, на тие настани имаме узурпација не само на македонската историја, туку и на македонската денешност, затоа што таму се употребува терминот Јужна Србија, Стара Србија, ослободување на Стара Србија и никој не реагира од сите тие патриотски структури. Никој не е патриот за тоа“, истакна Георгиевски.
Односите со Грција: „Почнуваме да стануваме смешни“
На прашањето за односите со јужниот сосед и дали државата ќе успее да го одржи партнерството со Грција, особено во контекст на повремените предизвици што ги прави актуелната влада, Георгиевски изрази загриженост за сликата која државата ја остава во регионот и пошироко.
Тој предупреди дека ваквото водење политика може да има контраефект.
„Сега да ви кажам ова, ако не е малку трагично затоа што зависи од политиката, ние дури малку стануваме смешни“, заклучи поранешниот премиер.
Изјавата на Георгиевски уште еднаш ги разгорува дебатите за тоа како државата се позиционира кон своите соседи и дали политичките одлуки се водат од вистински државни интереси или од дневно-политички калкулации.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

