05 септември 2026
• од Темелко Тошев
Универзитетскиот професор и поранешен министер Љубомир Фрчкоски во своето најново излагање се осврна на долгиот и трнлив пат на македонската црква до нејзината автокефалност, отворено посочувајќи ги главните виновници за повеќедецениската црковна изолација на земјата.
Според него, македонското црковно прашање со децении било жртва на империјалните амбиции на соседите и геополитичките блокади во православниот свет. Фрчкоски истакнува дека линијата за признавање била цврсто блокирана од страна на Српската, но и од Руската православна црква, која целосно ги поддржувала српските позиции.
„Србите беа секогаш арогантни и одбиваа каква било приказна да почнат со нас. Нѐ третираа како нивна внатрешна српска работа и во нивната позната империјална арогантност одбиваа тоа да го прават. И тоа ни беше блокирано цели 55 години“, потенцира Фрчкоски, зборувајќи за односот на СПЦ кон македонското барање за автокефалност.
Паралелно со српската блокада, Фрчкоски објаснува дека и алтернативниот пат – директното обраќање до Вселенската патријаршија во Цариград (Константинопол) – бил практично невозможен. Главната пречка тука била политичка, односно нерешениот спор со Грција околу името.
„Директното обраќање до Цариград беше тешко поради спорот со Грција, бидејќи грчката црква има влијание врз Вселенскиот патријарх. Тоа беше оттаму блокирано сѐ додека тој спор не се реши во 2018 година со Преспанскиот договор“, појаснува тој, нагласувајќи ја клучната улога што решавањето на политичкиот спор ја одиграло во црковното одглавување.
Како резултат на овие две паралелни блокади, Фрчкоски заклучува дека нашата црква цели 55 години била оставена во „замрзната ситуација на шизматичка црква“. Тој ја спореди ваквата положба со онаа на Украинската и Црногорската црква, кои исто така се најдоа во слична незавидна и изолирана позиција во рамките на православието.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

