27 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателката гордо се појави на Фејсбук со вест дека присуствувала на свечениот прием организиран од Доналд и Меланија Трамп. Објави и слика како „доказ“ за историскиот момент: таа, рамо до рамо со првата двојка на Америка.
Текстот, полн со дипломатски фрази, звучеше сериозно: чест е да се биде на приемот, важноста на демократијата, сојузништво со САД... сè што налага протоколот. Но зад кадарот – мала трагикомедија.
Во реалноста, „приемот“ бил во музеј на восочни фигури. Доналд и Меланија беа токму тоа – восок. Поза со мртов поглед, насмевка залепена со фен и дипломатска порака со тежина на празна пластична чаша шампањ.
Сериозниот тон во статусот делува како политичка фарса: да се зборува за глобален мир и сојузништво во друштво на фигури што не можат ни да трепнат. Дипломатија без дипломат – само восок и илузија.
На крајот, целата сцена повеќе личеше на туристичка тура со „селфи“ отколку на државнички чин. А пораката? Ако не можеме да стигнеме до реалните Трампови, барем восочните не не одбиваат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

