30 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Македонија секоја година се фрлаат над 15 илјади тони храна, што претставува финансиска загуба од речиси 30 милиони евра. Податоците ги објави Банка за храна по повод Меѓународниот ден за свесност за фрлање храна.
Иако земјата е меѓу првите пет во Европа според степен на сиромаштија, истовремено е и во врвот според количината на фрлена храна. Најчесто на отпад завршуваат лебот и лиснатите производи, свежото овошје и зеленчук, како и сувомеснатите производи и сирењето.
Овој контраст ја отсликува длабоката неусогласеност помеѓу потребите на сиромашните граѓани и нерационалното користење на храната од страна на населението.
Претседателот на Банка за храна, Душко Христов, нагласува дека со правилно управување и донирање на вишокот храна би можеле да се обезбедат три оброци дневно за 26 илјади граѓани.
„Со донирање на вишокот храна би можеле да обезбедиме три оброци дневно за 26 илјади граѓани“, истакна Христов.
Експертите предупредуваат дека освен економските последици, фрлањето храна има и силно негативно влијание врз животната средина. Според нив, неопходно е поголемо ангажирање на институциите, бизнисите и граѓаните во создавање механизми за донирање и намалување на отпадот.
Со зголемување на свесноста и соодветна регулатива, Македонија би можела истовремено да се бори против сиромаштијата и да го намали непотребното фрлање на храна.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

