22 февруари 2025
• од Вардарски
Во контроверзна изјава, српскиот пратеник Милош Парандиловиќ, претседател на српската партија, изјави дека многу нации се создадени на штета на Србија. Според неговите зборови, македонската нација е „нација која ја измисли ТИТО“ – концепт кој, како што истакна, денес де факто постои како народ и како нација со меѓународно признавање, но е резултат на штета за српскиот национален корпус. Тоа, исто така, го важи и за црногорскиот народ, кој според него, исто така, е создаден на штета на Србија.
Изјавата на Парандиловиќ предизвика негодување, бидејќи провоцира и негира идентитетот на македонскиот народ. Овој реторички напад отежнува историската и културната сложеност на регионалните национални идентитети, дополнително ја зголемува тензијата меѓу соседните народи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

