10 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Локалниот активист од Штип, Тони Коцев, остро ја осуди одлуката на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ) и заменик-премиерот Иван Стоилковиќ за финансирање на прославата по повод битката на Кајмакчелан.
Коцев смета дека станува збор за „срамно и недостојно“ однесување кое ја понижува Македонија и ја негира нејзината историја. Според него, прославата редовно претставува собирање на официјални гости од Србија, при што во говорите Македонија се нарекува „Јужна Србија“.
„Да финансираш настан во кој Македонија редовно се нарекува Јужна Србија, да финансираш манифестација за настан после кој започнува најжестоката окупација на Македонија – тоа е класичен национален срам“, изјави Коцев.
Активистот потсетува дека по битката на Кајмакчелан, Македонија била окупирана од Србија и изложена на „невидена жестокост и репресија, насилна србизација, тепања, убиства, силувања и терор“. Наместо, како што вели тој, „преиспитување на таа траума од минатото“, македонската влада денес дури и го финансира настанот.
„Битката на Кајмакчелан не е симбол за слобода, туку почеток на окупација и србизација“, нагласува Коцев.
Како дополнителен доказ, Коцев се повика на документ објавен во „Службен весник на РСМ“ од 17 јуни 2025 година, каде, според него, јасно стои дека владата издвоила 600.000 денари за организирање на настанот под наслов „Ширење на српството во Македонија“.
Изјавата на Тони Коцев отвора дебата за тоа дали државата треба да финансира вакви манифестации, особено кога тие според дел од јавноста носат пораки кои ја понижуваат македонската историја и национален идентитет.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

