03 август 2025
• од Станча Јаќимовски
И додека Илинден – најважниот македонски празник – годинава беше одбележан пред речиси празен простор на Мечкин Камен, илјадници граѓани се собраа на концерти со српски фолк и поп-ѕвезди низ цела Македонија. Овој контраст ја отвори пред јавноста болната слика: историското помнење избледува, а на негово место доаѓа масовна културна зависност од Србија.
Ниту 122-годишнината од Илинденското востание, ниту 81 година од АСНОМ не беа доволни да ја разбудат националната свест. Наместо државни знамиња, на Мечкин Камен се вееја симболи од Вергина, а одекнуваа аплаузи за едни и свирежи за други политички делегации – додека празникот, неговата суштина и историска тежина останаа во втор план.
Истовремено, градските плоштади беа преполни – но не за одбележување на државноста, туку за слушање на српски турбо-фолк. Ова не е изолиран случај, туку симптом на поширок процес: србизација на македонскиот културен простор, која се спроведува тивко, но систематски.
Српските телевизии, музика, јазик и јавни личности се секојдневие за младите генерации. Македонската продукција е маргинализирана, а историското образование сѐ помалку допира до младите умови. Овој процес не е случаен. Тој се вклопува во пошироката идеја на т.н. „српски свет“ – замислен геополитички и културен поим што има за цел да го прошири српското влијание врз соседните држави, особено врз оние со историски, јазични или етнички допири.
Прашањето што стои сега пред сите нас е: дали Илинден ќе остане жива традиција, или ќе стане само фуснота во учебниците, додека српскиот свет станува реалност во нашето секојдневие?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

