19 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска официјално поднесе барање до пратениците во Собранието за итно зголемување на минималната плата на 500 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека ова барање е „оправдано, потребно и одржано“, бидејќи се заснова на споредбени анализи со други земји и на економско-социјалните услови во државата.
„Очекуваме Собранието да ја преземе одговорноста и да ја покрене законската процедура. Работниците заслужуваат повисока минимална плата уште од августовската исплата, со што ќе се обезбеди и општ раст на платите,“ изјави Трендафилов.
Тој предупреди дека Македонија ризикува да остане со најниски плати за работниците, а со највисоки примања за функционерите во споредба со регионот и Европската унија. „Да видиме кој е за, а кој е против работниците,“ додаде лидерот на ССМ.
На последната седница на Економско-социјалниот совет, претставниците на Владата одбиле да го разгледаат предлогот, тврдејќи дека „работниците бараат премногу“ и дека треба да бидат задоволни со сегашните примања. Истовремено, работодавачите оцениле дека нема простор за зголемување на минималецот, сметајќи дека работниците се доволно платени и недоволно продуктивни.
„Се обидоа да не искарат во Владата дека многу сме барале за работниците,“ изјави Трендафилов, додавајќи дека и покрај отпорот, ССМ продолжува со иницијативата за зголемување на платите во приватниот и јавниот сектор.
ССМ најави дека до средината на август ќе одржи седница на која ќе се одлучува за натамошните чекори и евентуални синдикални активности.
Според податоците, околу 35.000 работници во земјава моментално примаат минимална плата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден