03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во своја објава на Фејсбук укажа на драстичниот јаз помеѓу продуктивноста и платите на македонските работници.
Според него, навреда за интелигенцијата на работниците е тоа што, и покрај нивната висока продуктивност, тие и понатаму добиваат мизерни плати кои не ја одразуваат нивната реална вредност и придонес во економијата.
„Очигледно е дека македонските работници имаат само ниски, односно мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе од што се платени,“ истакна Трендафилов.
Тој посочи дека еден работник со својата работа не само што ја покрива својата плата, туку и обезбедува средства за менаџерските плати, за луксузот на газдите, за нивните инвестиции, па дури и за дополнителна добивка која е еднаква на една годишна минимална нето-плата.
„Еден работник е толку продуктивен што си ја заработува својата плата, ги заработува платите на директорите и менаџерите, заработува за џип и стан за газдата, за инвестициите на газдата, и уште му заработува една годишна работничка плата,“ нагласи тој.
Трендафилов го критикуваше и односот на оние кои, како што вели, се прават дека им веруваат на ваквите оправдувања за ниските плати, со што дополнително се одржува системот во кој најголемиот товар го носат обичните работници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

