16 мај 2025
• од Вардарски
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) упати остра реакција до претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова поради, како што наведува, „сериозните навреди“ изречени кон уредникот на ТВ Телма Боби Христов во емисијата Вин-Вин на 15 мај.
Во текот на гостувањето, претседателката забележа дека „не било пристојно да се зборува за луѓе кои не се присутни“ и го квалификуваше прашањето на Христов како „фрустрирачко“ и „малициозно“, додавајќи дека неговото однесување „не личи на новинар“. Повод беше прашањето поставено во Топ Тема – „Колку е погорда Македонија со Гордана Сиљановска Давкова една година на функцијата?“
„Оценувањето на работата на новинарите треба да биде со внимателно одбрани зборови, без лични квалификации за тоа дали некој ‘личи’ или е ‘фрустриран’,“ се наведува во соопштението на ССНМ. Од синдикатот потсетуваат дека во демократско општество токму разбирањето за улогата на медиумите и толеранцијата кон критика ги одредуваат европските стандарди на говор.
Организацијата изразува загриженост што изјавата доаѓа само неколку недели откако Репортери без граници (RSF) ја спуштија Северна Македонија за шест места – на 42-рата позиција од 180 држави во Индексот за слобода на медиумите за 2025 година. Во извештајот RSF нотира дека „функционери имаат тенденција да покажуваат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“
ССНМ потсетува дека Европскиот акт за слобода на медиумите ваквите јавни пораки ги смета за директно мешање во уредувачката политика и притисок врз независноста на новинарите. Затоа синдикатот ја повика претседателката Сиљановска Давкова „да се воздржи од изјави што можат негативно да влијаат врз слободата на медиумите и врз кревките демократски односи во земјата“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

