17 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во наредните денови земјава ќе биде под влијание на стабилно и претежно тивко време, кое ќе се задржи сѐ до понеделник. Според прогнозите, утринските часови на одделни места ќе бидат проследени со појава на магла и зголемена облачност, особено во котлините, додека во текот на денот ќе преовладува мирно време.
Од вторник се најавува постепена промена на временските услови. Ќе има појава на локални врнежи од дожд, што ќе донесе освежување и нешто повлажен воздух, најизразено во западните делови од земјата, а повремено и во останатите региони.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, утрешните минимални температури ќе се движат од -5 до 2 степени Целзиусови, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 6 и 13 степени.
Во Скопје се очекува стабилно време со можност за утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -4 степени, а максималната ќе изнесува околу 6 степени Целзиусови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

